
септември 21, 2026
Традиционална крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Општина Ѓорче Петров и Институтот за трансфузиона медицина на 16 септември 2026 година спроведе традиционална крводарителска акција.
На акцијата која се реализира во просториите на Домот на културата „Ѓорче Петров“ во периодот од 12:00-18:00 часот крв даруваа 52 крводарители-вработени во општинската администрација и граѓани од општина Ѓорче Петров.
Акцијата ја посети и градоначалникот г-дин Александар Стојкоски, кој упати голема благодарност до сите кои се вклучија и дадоа свој придонес на акцијата и ја потенцира важноста на крводарувањето како едно од најголемите хумани дела.









































