
јуни 15, 2022
133 ОБРОЦИ ЗА БЕЗДОМНИТЕ ЛИЦА ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ
По повод одбележување на „Неделата на солидарност“ под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 29 и 30 Април 2022 година спроведе акција за подготовка на готвени јадења со која беа обезбедени 133 индивидуални оброци наменети за бездомните лица на територија на градот Скопје. Делењето на оброците се спроведе на 30 април 2022 година на платото кај Спомен куќата на Мајка Тереза во соработка со НВО „Љубезност“-Скопје. Во акцијата која се спрведе со почитување на мерките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19 беа вклучени 20 лица-повозрасни волонтери и волонтери од Клубот на млади и нивните родители.



































