август 30, 2021

16-та Традиционална крводарителска акција по повод  Верскиот празник ,,Успение на пресвета Богородица” во Матка-Скопје  

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Македонска Православна Црква – Скопска епархија, по повод Верскиот празник ,,Успение на Пресвета Богодорица” по 16ти пат успешно ја реализираше традиционалната крводарителска акција.

На дводневната крводарителската акција која се одржа на 27 август 2021 година во периодот од 18:00 до 00:00 часот и на 28 август 2021 година во периодот од 10:00 до 15:00 часот во Манастирот „Успение на Пресвета Богодорица” во Матка, крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 98 крводарители.

За време на акцијата беа почитувани сите мерки и препораки за превенција од коронавирусот КОВИД-19, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица, а 12 волонтери од Општинската организација Карпош вршеа дезинфекција на посетителите при влез и ги информираа за мерките за заштита од КОВИД -19.

За прв пат оваа акција беше организирана во 2006 година а поради нејзината препознатливост истата доби традиционален карактер, а бројот на крводарувањата од година во година бележи постојан пораст.

 

< врати се назад