септември 4, 2023

18-та Традиционална крводарителска акција по повод верскиот празник „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка-Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација
Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Македонска
Православна Црква-Скопска епархија по повод верскиот празник „Успение на
Пресвета Богодорица” по 18 пат успешно ја реализира трационалната
крводарителска акција.
На дводневната крводарителската акција која се одржа на 27 август 2023
година во периодот од 18:00 до 00:00 часот и на 28 август 2023 година во
периодот од 10:00 до 15:30 часот во Манастирот „Успение на Пресвета
Богодорица” во Матка, крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 124
крводарители.

< врати се назад