септември 17, 2026

21-ва Традиционална крводарителска акција во Матка

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а по повод верскиот празник „Успение на Пресвета Богородица“ јубилејно по 21-ви пат успешно ја реализираше традиционалната крводарителска акција во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Долна Матка, Скопје.

На дводневната акција која се одржа на 27 август од 18 до 24 часот и на 28 август, од 10 до 16 часот, својата хуманост преку дарување на крв ја потврдија 138 лица.

Да потсетиме. Оваа акција е започната во 2006 година со 31 дарување, а со текот на годините стана препознатлива и во 2025 и 2026 година е постигнат рекорден број од над 210 посетители-крводарители од кои над 130 успешно даруваа крв. Од сите 21 година, до сега, преку оваа акција се обезбедени 1992 крвни единици

< врати се назад