
февруари 3, 2021
265 ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
По повод Новогодишните и Божиќните празници Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во текот на месец јануари 2021 година обезбеди и дистрибуира 265 пакетчиња за деца и млади од семејства во ризик и деца и млади со попреченост – целна група на проектот Хуманко на Клубот на млади.
Пакетчињата беа обезбедени преку учениците од СУГС „Никола Карев“, тројца анонимни граѓани и паричните средства од собирната акција на Клубот на млади по повод Новата година. Дистрибуцијата на пакетчињата ја извршија волонтерите од Клубот на млади. За време на активностите беа почитувани и применувани заштитните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид 19.




































