мај 28, 2025

36 студенти од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ даруваа крв!

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтиот за трансфузиона медицина и Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Скопје на ден 13 мај 2025 година од 11:00 до 16:00 часот реализираа успешна крводарителска акција во просториите на Студентскиот дом.

На крводарителската акција својот алтруизам на дело го покажаа 36 млади лица, студенти од Домот, кои даруваа крв со цел да се спаси нечиј живот.

< врати се назад