декември 20, 2024

43-ти Општински натпревар по прва помош во Црвен крст на РСМ – ОО Карпош – 2024 година за СРЕДНИ УЧИЛИШТА

На 12 април 2024 година, на Спортско-рекреативниот центар во СУГС „Никола Карев“-Скопје, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош го одржа 43-от Општински натпревар на екипите по прва помош за категоријата младина. На настанот присустуваа над 150 лица: директори, професори, наставници-ментори и ученици од основните и средните училишта, лекари, демонстратори по прва помош, вработени, членови, волонтери, соработници и поддржувачи на Црвениот крст.

На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ги покажаа 7 екипи составени од ученици од 7 средни училишта преку посетување на 6 бази организирани на една траекторија:

-Три бази со повреди

-База за дисеминација

-База за забавни игри

-База за ментално здравје, одмор и освежување

За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите беа ангажирани 8 лекари и демонстратори, а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на базите се погрижија 2 обучени шминкери и 9 манекени – волонтери од ОО Карпош.

Првите три места на натпреварот по прва помош – добитници на пехари и дипломи, ги освоија екипите од училиштата:

1. СУГС „Георги Димитров”

2. ПСУ „IPS Macedonia“

3. ПСУ „Јахја Кемал“

Првите три места на базата за дисеминација ги освоија екипите од училиштата:

1. ПСУ „IPS Macedonia“

2. ПСУ „Јахја Кемал“

3. СУГС „Здравко Цветковски“

Првите три места на базата за забавни игри ги освоија екипите од училиштата:

1. СУГС „Георги Димитров“

2. СУГС „Орце Николов“

3. ПСУ „Јахја Кемал“

Подготовките на пријавените 7 екипи со вкупно 50 опфатени ученици беа спроведени од страна на 5 обучени млади демонстратори по прва помош во период од еден месец преку одржани 21 теренска посета во училиштата и две двочасовни онлине средби.

Овој натпревар беше со истакната инклузивна и еколошка димензија што придонесе за зголемување на неговото воспитно-образовно значење. Во натпреварот како манекени и волонтери на дел од базите беа вклучени учесници од целната група на проектот „Хуманко“. Исто така, за време на натпреварот беа поставени корпи за фрлање на рециклирачкиот отпад.

Значајно и вредно е да споменеме дека во подготовките, организацијата и реализацијата на натпреварот се вклучија вкупно 52 волонтери од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош.

< врати се назад