
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош континуирано спроведува активности за намалување на социјалната ранливост на лицата во ризик преку заеднички партнерски настапи со останатите субјекти во заедницата.

Во периодот од јануари до мај 2021 година на иницијатива на компанијата ВАНИЛА ФУД Скопје, во ЦКРСМ-ОО Карпош континуирано беа доставувани ужинки, здрави свежи дневни оброци кои не биле искористени, а истите беа наменети за корисниците од програмата за социјално-хуманитарна дејност на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош.

Во наведениот период компанијата ВАНИЛА ФУД Скопје донираше вкупно 604 оброци кои беа поделени на најранливите групи граѓани.
За време на спроведувањето на активностите беа почитувани и применувани мерките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19. Поддршка во делењето на ужинките дадоа и волонтерите од Клубот на млади.

Црвен крст на РСМ – ОО Карпош во името на своите членови, волонтери и вработени изразува благодарност за покажаниот хуман гест на оваа компанија.