октомври 29, 2021

75 крвни единици на Традиционална крводарителска акција во Општина Карпош

Во пресрет на 3-ти Ноември-Денот на Опшината Карпош, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Локалната самоуправа Карпош на 28 октовмри 2021 година реализираше традиционалната крводарителска акција.

Со примена на протоколи и мерки за заштита од Ковид-19, во периодот од 10:00 до 17:00 часот, во просториите на основното училиште „Лазо Трповски“, вкупно 75 граѓани и вработени во општинската администрација на Карпош  даруваа крв и ја потврдија својата хуманост на дело.

 

< врати се назад