декември 16, 2020

Активност преку проект ,,Хуманко” – Натпревар во друштвени игри

 
На ден 12.12.2020 година, преку онлајн платформата ZOOM се одржа Натпревар во друштвени игри со учесниците на проектот „Хуманко“ на Клуб на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош.
 
Учесниците беа поделени во групи и се натпреваруваа во три друштвени игри: пантомима, бесилка и погоди ја песната!
 
За победничката група беа обезбедени слатки награди кои донесоа голема радост кај победниците.
 
 
На активноста учествуваа 11 лица од целната група, 9 волонтери и 3 родители на целната група.
< врати се назад