април 26, 2021

Активност преку проект ,,Хуманко’’ – „Значење на парите“

Проектот ,,Хуманко“ на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош како дел од своите редовни активности за социјализација реализираше активност под името – „Значење на парите“.
Активноста се реализираше на ден 17.04.2021 година а целта на активноста беше учење за вредноста, важноста и правилната употреба на парите. Се гледаа видеа, кратка претстава – „Од каде ги добиваме парите“ и се играа игри поврзани на таа тема. Сè ова проследено со многу смеење, дружба и забава.
На активноста присуствуваа вкупно 12 учесници од целната група на проектот ,,Хуманко’’ и 7 волонтери од Клубот на млади.
< врати се назад