
октомври 26, 2020
Aктивност преку проектот „Хуманко“ – BINGO
Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош и во учебната 2020/2021 година продолжува со реализацијата на проектот Хуманко. Проект со цел помош и поддршка во воспитно-образовниот процес и социјализација на
-деца и млади со попреченост,
-деца со потешкотии во учењето,
-деца со самохрани родители,
-деца од социјално-загрозени семејства.
На 24.10.2020 преку онлајн платформата ZOOM, по повод започнувањето на новиот циклус на проектот „Хуманко“ се реализираше првата активност каде учесниците имаа можност да се видат меѓусебно, имаа време да поразговараат и да се запознаат со начинот на функционирање во новата учебна година.

За време на средбата беше реализирана забавна игра – бинго а како награда беше доставена фамилијарна пица по избор на победникот до својот дом.
На активноста учествуваа вкупно 18 лица од целната група, 9 волонтери, 4 родители на целната група и 2 вработени лица од ЦКРСМ – ОО Карпош.





































