
април 14, 2021
Активност преку проектот „Хуманко“ – Сите можеме подобро
На ден 10 април 2021 година преку проектот „Хуманко“ на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош се реализираше активност наречена „Сите можеме подобро“.
Активноста започна преку работната недела, со тоа што учесниците секојдневно имаа мали предизвици, во вид на кратки активности, со кои имаа можност да се запознаат со човечките вредности, зошто се истите значајни и како може да се практикуваат секојдневно. На закажаната средба учесниците преку забава и дружење учествуваа во дискусии за овие предизвици и вредностите кои ги застапуваат.
На активноста која беше реализирана на платформата за на далечина ZOOM беа присутни вкупно 14 учесници од целната група и волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош.




































