мај 13, 2021

Активност преку проектот „Хуманко“ – Учиме за државата Јапонија

Проектот „Хуманко“ на Црвен крст на РСМ – Општинска Организација Карпош на ден 08.05.2021 година како дел од редовните активности за социјализација организираше активност под името учиме за Јапонија.
 
Целта на активноста беше учесниците виртуелно да патуваат до далечни земји каде и преку разни дискусии, видеа, слики и игри заедно учесниците се запознаа со државата Јапонија и научија многу за карактеристичните белези на државата, како традиционалната облека, разновидноста на музиката, комплексноста на јазикот, културата и многу друго. Активноста се проследи со голема забава.
 
На активноста присуствуваа вкупно 11 учесници од целната група на проектот „Хуманко“, 9 волонтери од Клубот на млади и 3 родители на целната група.
 
 
< врати се назад