
мај 11, 2021
Активност преку проектот „Хуманко“ – Велигден
На ден 01 мај 2021 година преку проектот „Хуманко“ на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош се реализираше активност за социјализација по повод празникот Велигден.
За време на активноста учесниците на проектот имаа можност да се изразат креативно преку цртање врз варени јајца како што се прави за празникот. Учесниците исто така стекнаа нови знаења за христијанскиот празник Велигден, особено за начинот на славење не само во нашата држава, туку и во други земји.
Активноста беше реализирана на платформата за на далечина ZOOM и на неа беа присутни 10 учесници од целната група, 2 родители на целната група, и 7 волонтери од Клубот на млади.




































