
Активности на Црвен крст
Црвениот крст на РСМ уште од појавата на корона вирусот во нашата држава е присутен помеѓу населението со превентивни активности како и помош и поддршка на најранливите категории на население.
Во 15 градови формирани се мобилни тимови кои се активни секој ден и чија задача е да вршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават. Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус).

Реден број | ООЦК/ЦКГС | Број за контакт | Временска рамка на функцуонирање |
1 | Битола | 047 236 019 | 08 – 12:00 |
2 | Делчево | 033 412 010 | 09 – 13:00 |
3 | Велес | 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 | 08 – 18:00 |
4 | Кавадарци | 070 239 352 | 08:30 – 12:00 |
5 | Кичево | 045 225 324 | 08:30 – 12:00 |
6 | Кочани | 071 373 677 | 09 – 14:00 |
7 | Крушево | 071 379 920 | 08 – 12:00 |
8 | Охрид | 046 261 909, 070 315 309, 13 112 (скратениот телефонски број на Планинската спасителна служба). | 08 – 16:00 |
10 | Свети Николе | 032 443 171, 074 600 171 | 08 – 13:00 |
11 | Струга | 071 398 424 | 08 – 12:00 |
12 | Струмица | 071 345 901 | 10 – 12:00 |
13 | Тетово | 044 336 374 | 09 – 15:00 |
14 | Штип | 074 203 030 | 08 – 16:00 |
15 | Црвен крст на град Скопје – Тим за бездомници | 02 3096 227 | 08:30 – 12:30 |
16 | Чаир | 070 208 383, 02 2621 924 | 08:30 – 12:30 |
17 | Карпош | 071 349 230, 02 3068 806 | 08:30 – 12:30 |
18 | Кисела Вода | 071 349 225, 02 3211 417 | 08:30 – 12:30 |
19 | Гази Баба | 071 243 078, 02 2529 153 | 08:30 – 12:30 |
20 | Центар | 070 297 166, 02 3115 029 | 08:30 – 12:30 |




































