јануари 18, 2021

Активности на проект ,,Хуманко’’ – Новогодишен концерт

На ден 26 декември 2020 година волонтерите од проектот ,,Хуманко’’ на Клуб на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош реализираа активност за целната група на проектот – Новогодишен концерт.
 
Целта на активноста беше исполнување на слободното време на учесниците, кои во текот од една недела се подготвуваа за Новогодишниот концерт и испраќаа видеа со свои изведби за средбата т.е концертот.
На средбата присуствуваа вкупно 23 учесници од кои 12 учесници од целната група на проектот, 3 родители на целната група и 11 волонтери.
 
 
 
Учесниците имаа можност да се забавуваат и да си ги честитаат новогодишните празници меѓусебно, додека средбата заврши со Лотарија во која секој од учеснците доби новогодишен подарок.
< врати се назад