
Активности на проект ,,Хуманко” – Виртуелна посета на Собранието на РСМ
На ден 29 јануари 2021 година во соработка со Парламентарниот институт при Собранието на РСМ се реализираше Виртуелна посета на Собранието на РСМ за волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош и целната група на проектот ,,Хуманко’’.
Согласно ситуацијата со вирусот КОВИД 19 активноста се реализирашње на електронската платформа ZOOM и истата беше во времетраење од 60 минути.
Учесниците имаа можност да ги посетат просториите во Собранието, да го разгледаат изобилието на архитектура и уметност кое се наоѓа во нив и да слушнат за историјата на Собранието.
На активноста присуствуваа 9 учесници од целната група на проект ,,Хуманко’’ и 12 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош. Голема благодарност до Парламентарниот инстутут за соработката и спроведената посета на Собранието на РСМ.




































