
декември 27, 2020
Активности на проектот ,,Хуманко’’ – Подготовки за новогодишен концерт
Вкупно 12 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош и 10 млади од целната група на Проект ,,Хуманко,, беа дел од активноста за подготовка за Новогодишниот концерт во форма на талент шоу која се реализира на 19 Декември 2020 година.

Преку ZOOM апликацијата, учесниците имаа можност да се претстават со по две претходно подготвени изведби (песни, вицови, стихотворби, кореографии), додека жири комисијата составена од 5 членови-волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош одредуваше учесници за финалната изведба на Новогодишниот концерт кој ќе се реализира на 26 декември 2020 година.



































