
април 14, 2021
Активности преку проект ,,Хуманко’’ – Денот на шегата
По повод Денот на шегата проектот ,,Хуманко“ на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош како дел од своите редовни активности за социјализација реализираше активност наречена под истото име, „Денот на шегата“.
Активноста се реализираше на ден 03 април 2021 година со цел одбележување на Денот на шегата и запознавање со начинот на прославување на истоимениот ден во другите земји. Се проследуваа забавни видеа од изминати патувања и активности на проектот, кратка смешна претстава и учесниците имаа можност да научат зошто е важно смеењето. Сето тоа преку меѓусебна забава и дружење.
На активноста која беше реализирана на електронската платформа Google Meet присуствуваа вкупно 22 учесници од целната група на проектот ,,Хуманко’’ и волонтери од Клубот на млади.




































