
мај 5, 2021
Активности преку проект ,,Хуманко’’ –Друштвени игри
Проектот ,,Хуманко“ на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош како дел од своите редовни активности за социјализација реализираше активност наречена под името, Друштвени игри.
Активноста се реализираше на ден 24 aприл 2021 година со цел дружба, забава на учесниците а најважно, запознавање со поимот и важноста на тимот. Се пееја песни и се играа 3 друштвени игри а импресиите кои учесниците ги кажуваа на крајот на активноста, беа поттик за волонтерите да продолжат со овие активности.
На активноста присуствуваа вкупно 12 учесници од целната група на проектот ,,Хуманко’’ и 8 волонтери од Клубот на млади.




































