
март 29, 2021
Активности преку проект ,,Хуманко’’ – Екологија
По повод Денот на пролетта проектот ,,Хуманко“ на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош како дел од своите редовни активности за социјализација реализираше активност наречена Екологија.
Активноста се реализираше на ден 20.03.2021 година со цел запознавање со процесот на садење и грижа за растение и развивање на чувство на одговорност кон растението кај целната група. Сето тоа преку меѓусебна забава и дружење.
Учесниците водени од волонтерите имаа можност да насадат свое цвеќе и да започнат со грижата околу истото.

На активноста присуствуваа вкупно 17 учесници од целната група на проектот ,,Хуманко’’ и волонтери од Клубот на млади кои и во текот на следната недела ќе бидат вклучени во предизвици за грижа за своето растение.



































