декември 16, 2020

Активности преку проект ,,Хуманко” – Научни експерименти

 
 
На ден 05.12.2020, преку онлајн платформата ZOOM, со почеток од 10:00 часот, се реализираше активност на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош.
 
Учесниците имаа можност да се забавуваат со подготовка на интересни научни експерименти од предмети, додатоци во исхраната и сл. кои би ги нашле во секој дом.
 
По интересните дискусии околу експериментите се гледаше видео на Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош подготвено по повод 3ти Декември – светски ден на лица со попреченост, во кое беа вклучени и дел од учесниците.
 
 
Активноста заврши со пеење на песни, забавување и со позитивна атмосфера. На активноста учествуваа 14 учесници од целната група и 9 волонтери.
< врати се назад