март 30, 2021

Активности преку проект ,,Хуманко’’ – Учиме за животните

На ден 27 март 2021 година проектот ,,Хуманко’’ на Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош како редовна активност со цел социјализација кај своите учесници реализираше активност Учиме за животните.
 
Преку куклена претстава и пренос во живо од ЗОО Скопје, збогатени со дискусии и прашања, учесниците имаа можност да се потсетат и да го надополнат своето знаење околу разните животни и разните средини во кои тие живеат.
 
На активноста, која беше реализирана на електронската платформа ZOOM, присуствуваа 12 учесници од целната група на проектот и 9 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.
 
 
 
 
 
 
< врати се назад