февруари 3, 2021

Aктивности преку проект ,,Хуманко’’ – ,,Зимски распуст”

Проектот ,,Хуманко’’ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош започна со своите активности во второто полугодие од циклусот 2020/2021 година.
 
На ден 16 јануари 2021 година проектот реализираше активност со цел подобрување на социјализацијата и зајакнување на комуникацијата и дружењето помеѓу учесниците.
Учесниците имаа можност во текот на неколку дена да исконтактираат со свое другарче и да му постават претходно одредени прашања за зимскиот распуст.
 
На активноста присуствуваа 9 волонтери, 12 учесници од целната група и 4 родители на целната група.
< врати се назад