март 21, 2021

Активности преку проектот ,,Хуманко’’ – Меѓународен ден на жената – 8ми март

Преку проектот ,,Хуманко’’, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош реализираше активност по повод Меѓународниот ден на жената – 8ми март.
 
Оваа активност се реализираше со цел забава и дружење на учесниците од целната група на проектот ,,Хуманко’’, како и поттикнување на креативноста и продуктивно користење на слободното време, а на истата присуствуваа 7 волонтери, 11 учесници од целната група и 4 родители на целната група.
 
Учесниците кои присуствуваа имаа можност да се вклучат во работилницата за рачни изработки, а преку забава и дискусија да дознаат повеќе за овој ден и за значајноста околу неговото прославување. Како последна активност учесниците имаа задача својата изработка да ја подарат на омилената жена во својот живот.
 
 
< врати се назад