јуни 4, 2020

Активности за одбележување на 5-ти Јуни Светски ден на животната средина

      По повод одбележувањето на  престојниот 5-ти Јуни-  Светскиот ден за заштита на животната средина,  шест  волонтери од Клуб на млади на Црвен крст на Република Севрна Македонија- Општинска организација Карпош на 3 Јуни 2020 година спрoведоа еколошка акција за чистење и уредување на  зелената површина и дворното место на Општинската оранизација Карпош. 

  Со ова акција најмладите испратија порака за значењето на еколошката свест и еколошката едукација кој треба да почива на изградба на еколошки вредности и навики уште од најмалата возраст кај младите кои понатаму во процесот на доживотно учење би се продлабочиле, а формирањето  на индивидуи со изградени еколошки ставови и култура и со донесување на соодветни одлуки и постапки води кон унапредување и заштита  на животната средина.

< врати се назад