
Активности за одбележување на Меѓународен ден на старите лица
Имајќи ги предвид повисоките ризици со кои се соочија постарите лица со појавата на Ковид 19, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош ги интензивира своите активности наменети за помош и подршка на старите лица.
Во таа насока а во рамките и на активностите за одбележување на Меѓународниот ден на стари лица, 6 волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош организирани во два тима реализираа четири посети во Домот за стари лица “Мајка Тереза” во Злокуќани и извршија набавка на прехрамбени производи, хигиенски средства, лекови и други потреби за 60 корисници на Домот.

За време на акцијата беа обезбедени и се почитуваа сите безбедносни протоколи и препораки за превенција и заштита од коронавирусот преку носење на потребна заштитна лична опрема и обезбедување и почитување на потребното физичко растојание.



































