февруари 3, 2021

Активности за помош и поддршка во воспитно-образовниот процес на проект ,,Хуманко“

Проектот ,,Хуманко’’ на Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош во текот на првото полугодие од циклусот 2020/2021 година реализираше активности со цел помош и поддршка во воспитно-образовниот процес на целната група.
 
Активностите се реализираа во периодот од 01 ноември до 30 декември 2020 година на електронската платформа ZOOM по принцип еден учесник од целната група со еден волонтер. Во првото полугодие се реализираа вкупно 69 едукативни часа во времетраење од 40 минути.
 
Со цел успешна реализација на овие активности кои беа спроведени за четири учесници од целната група се вклучија 7 волонтери од Клубот на млади. Активностите беа подготвувани во согласност со Индивидуализрани планови за работа подготвени од Стручни лица.
 
< врати се назад