август 5, 2026

Активности за справување со последиците од топлотните бранови

Во деновите кога високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето, Црвениот крст е на терен, во служба на граѓаните.

Со цел навремена превенција и заштита од последиците на топлотните бранови, нашите волонтери реализираат повеќе активности: електронско споделување совети за заштита од високите температури, делење информативни флаери на фреквентни локации, патролирање на мобилен тим за прва помош, мерење на крвен притисок и дистрибуција на флаширана вода.

Денес, тим од Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош беше меѓу граѓаните, придонесувајќи кон превенција и намалување на последиците од топлотните бранови.

Да го заштитиме здравјето заедно! Пијте доволно течности, избегнувајте престој на сонце во најтоплиот дел од денот, носете лесна и светла облека.

< врати се назад