април 3, 2024

Анкета за испитување на задоволството на волонтерите од работата на Клубот на млади

Во периодот февруари-март 2024 година Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош спроведе редовна онлјан анкета за испитување на задоволството кај членовите и волонтерите на Клубот на млади. Креираниот анкетен прашалник со 26 прашања поврзани со работата на Клубот на млади во 2023 година го пополнија 50% од вкупниот број волонтери и членови, а резултатите од анкетата ќе послужат за унапредување на работата на Клубот на млади и Општинската организација воопшто. Резултатите од анкетета покажаа дека младите волонтери се задоволни од комуникацијата, координацијата и поддршката кои ја добиваат при реализација на активностите и имаат интерес за поактивно вклучување се социјално хуманитарните активности и активностите поврзани со прва помош и крводарителство.

< врати се назад