
септември 16, 2021
Анкета за испитување на задоволство на членови и волонтери
Во рамките на своите активности, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ–Општинска организација Карпош спроведе редовна анкета за испитување на задоволството кај членовите и волонтерите на Клубот на млади.
Анкетата со која опфатени 44 волонтери, членови од Клубот на млади и нивни родители, се спроведе преку пополнување на однапред подготвен прашалник со комбиниран пристап преку преку физичко присуство и онлајн пополнување, а резултатите од добиените одговори ќе послужат за унапредување на работата на Клубот на млади и Општинската организација Карпош.




































