ноември 15, 2022

Благодарница за соработка и пријателство

По повод одбележување на патронатот и 64 години од постоењето на ЈЗУ СБ за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“- Скопје,  на свечената седница на која присуствуваше и д-р Беким Сали – министерот за здравство, на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош и беше доделена благодарница за заедничка соработка и пријателство. Во текот на денот, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина се одвиваше и крводарителска акција на која крв даруваа 15 вработени од Болницата.

< врати се назад