
септември 22, 2023
Благодарница за успешна соработка од општина Ѓорче Петров
На свечената седница на Советот на општина Ѓорче Петров која се одржа на 20 септември 2023 година, а по повод одбележување на Денот на општината, градоначалникот г-дин Александар Стојкоски додели благодарница на Црен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во знак на успешната и плодната соработка. Во оваа прилика градоначалникот пред присутните ја поздрави важноста на соработката со институциите и организациите на локално ниво со посебен акцент на соработката со Црвениот крст како значаен партнер во напорите и активностите за подобрување на животот на ранливото население и остварување на позитивни промени во заедниците.




































