март 24, 2022

ЦКА-ПХВ работилници во Гимнaзијата ,,Сарај”

Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција–Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ–Општинска организација Карпош на 18 и 23 март 2022 година ги спроведе првата и втората ЦКА-ПХВ работилница за 20 младинци–ученици од средното училиште „САРАЈ“ – Скопје.

 На двете двочасовни работилници одржани од страна на обучениот дисеминатор г-дин Гајур Пајазити, учесниците имаа можност да се запознаат ЦКА-ПХВ програмата, да се стекнат со знаења за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и да се научат како се изработуваат и имлементираат микро проекти во заедницата. Активностите беа реализирани согласно мерките за заштита и превенција од коронавирусот Ковид 19.

 

 

< врати се назад