
август 30, 2021
,,Културно лето – Карпош 2021’’
На тридневната манифестација ,,Културно лето – Карпош 2021’’ која се одржа во периодот од 26 до 28 август 2021 година на платото на плоштадот ,,Делфина’’ и на платото пред ,,Млечен ресторан’’ во Скопје, 6 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош организирани во три мобилни тима вршеа дезинфекција на посетителите при влез и ги информираа за мерките за заштита од КОВИД -19.




































