март 9, 2020

COVID-19 – Како да се заштитите себе си

Заболувањето со коронавирус (COVID-19) е предизвиканo од новoоткриениот коронавирус (SARS-CoV2). Според досегашните сознанија вирусот се пренесува главно преку:
 
– директен контакт со заразено лице на растојание до 2 метри (кашлање, кивање, гласно зборување); и
– индиректен контакт со допирање на загадени предмети и површини каде вирусот може да преживее краток временски период.
 
Луѓето кои живеат во Европскиот регион треба да следат едно главно правило – да се заштитат себе си и да не ги разболата другите околу нив, и да се грижат за своето здравје додека патуваат, придржувајќи се кон упатствата што ги добиваат од јавните здравствени установи и СЗО.
 
Луѓето треба да превземат едноставни мерки, како одржување на хигиена на раце и респираторна хигиена, мерки кои помагаат и за заштитат против грип, но и за други заразни заболувања. Особено важно е луѓето да добиваат информации од сигурни извори, за да не бидат под влијание на гласини кои би ги спречиле да превземат правилни мерки за нивна сопствена заштита.
 
Има две работи кои сигурно нема да влијаат во заштитата на сопственото здравје, а тие се предрасудите и дискриминацијата на луѓето врз основа на нивната боја на кожа, етничката припадност или културата. Важно е сите да сфатиме дека ова е време за солидарност и соработка со цел да го заштитиме здравјето на сите
 
СОВЕТИ ЗА СИТЕ
 
Често мијте ги рацете со вода и сапун или со средство за дезинфекција за раце на база на алкохол!
 
Зошто? Ако вашите раце содржат вируси, миењето со сапун или со средство за дезинфекција за раце на база на алкохол ќе ги уништи истите.
 
Што се подразбира под „често миење“
 
Зошто? Миењето на рацете е важно после одредени постапки:
 
После дување на нос, кашлање или кивање.
 
Пред и по згрижување на заболено лице.
 
Пред, јадење и пред и за време и по подготвување на храна.
 
Пред и по третирање на гребнатина или рана.
 
По користење на тоалет.
 
По промена на пелени или миење на дете по користење на тоалетот.
 
По допирање на животно, добиточна храна или животински отпад.
 
По допирање на храна за домашни миленичиња.
 
По допирање на отпадок (ѓубре).
.
 
Кој е најдобар/правилен начин на миење раце?
Миењето на рацете треба да трае околу 30 секунди
 
Кога кивате или кашлате: покријте го носот и устата со ракав во свиткан лакт или со суви шамивчиња. Фрлете ги шамивчињата во затворена корпа за отпадоци и измијте ги рацете како што е опишано погоре.
 
Зошто? Со ова постапка ќе го спречите ширењето на микробите низ воздухот и предметните површини во околината. Ако кивате или кашлате во дланките, може да доведете до заразување на луѓето со кои ќе бидете во контакт преку вашите раце или до загадување на предметите што ќе ги допрете
 
 
Избегнувајте допирање на очите, носот и устата!
 
Зошто? Ако вашите раце содржат вируси, на пример ако сте биле во контакт со заболено лице, можете да се заразите себе си преку допирање на вашите очи, нос или уста.
 
Одржувајте одредено растојание со луѓето: бидете 2 метри на растојание од заболени лица!
 
Зошто? Кога некој кива или кашла, малите капки кои го содржат вирусот може преку струењето на воздухот да доведат до заразување на лицето кое е во непосредна близина со заболеното лице, затоа треба да се одржува одредено растојание.
 
СОВЕТИ ЗА ПАТНИЦИТЕ
Ако патувате за Кина, Италија и други земји со локална трансмисија
 
Бидете ажурирани со последните информации и грижете се за вашето здравје преку следење на горе-споменатите совети
 
 
 
Заболувањето со коронавирус (COVID-19) е предизвиканo од новoоткриениот коронавирус (SARS-CoV2). Според досегашните сознанија вирусот се пренесува главно преку:
 
директен контакт со заразено лице на растојание до 2 метри (кашлање, кивање, гласно зборување); и
индиректен контакт со допирање на загадени предмети и површини каде вирусот може да преживее краток временски период.
 
 
Луѓето кои живеат во Европскиот регион треба да следат едно главно правило – да се заштитат себе си и да не ги разболата другите околу нив, и да се грижат за своето здравје додека патуваат, придржувајќи се кон упатствата што ги добиваат од јавните здравствени установи и СЗО.
 
 
 
Луѓето треба да превземат едноставни мерки, како одржување на хигиена на раце и респираторна хигиена, мерки кои помагаат и за заштитат против грип, но и за други заразни заболувања. Особено важно е луѓето да добиваат информации од сигурни извори, за да не бидат под влијание на гласини кои би ги спречиле да превземат правилни мерки за нивна сопствена заштита.
 
 
Има две работи кои сигурно нема да влијаат во заштитата на сопственото здравје, а тие се предрасудите и дискриминацијата на луѓето врз основа на нивната боја на кожа, етничката припадност или културата. Важно е сите да сфатиме дека ова е време за солидарност и соработка со цел да го заштитиме здравјето на сите
 
СОВЕТИ ЗА СИТЕ
 
Често мијте ги рацете со вода и сапун или со средство за дезинфекција за раце на база на алкохол!
 
Зошто? Ако вашите раце содржат вируси, миењето со сапун или со средство за дезинфекција за раце на база на алкохол ќе ги уништи истите.
 
 
 
Што се подразбира под „често миење“
 
Зошто? Миењето на рацете е важно после одредени постапки:
 
После дување на нос, кашлање или кивање.
 
Пред и по згрижување на заболено лице.
 
Пред, јадење и пред и за време и по подготвување на храна.
 
Пред и по третирање на гребнатина или рана.
 
По користење на тоалет.
 
По промена на пелени или миење на дете по користење на тоалетот.
 
По допирање на животно, добиточна храна или животински отпад.
 
По допирање на храна за домашни миленичиња.
 
По допирање на отпадок (ѓубре).
 
Кој е најдобар/правилен начин на миење раце?
 
Миењето на рацете треба да трае околу 30 секунди
 
 
 
Кога кивате или кашлате: покријте го носот и устата со ракав во свиткан лакт или со суви шамивчиња. Фрлете ги шамивчињата во затворена корпа за отпадоци и измијте ги рацете како што е опишано погоре.
 
Зошто? Со ова постапка ќе го спречите ширењето на микробите низ воздухот и предметните површини во околината. Ако кивате или кашлате во дланките, може да доведете до заразување на луѓето со кои ќе бидете во контакт преку вашите раце или до загадување на предметите што ќе ги допрете
 
 
 
Избегнувајте допирање на очите, носот и устата!
 
Зошто? Ако вашите раце содржат вируси, на пример ако сте биле во контакт со заболено лице, можете да се заразите себе си преку допирање на вашите очи, нос или уста.
 
 
 
Одржувајте одредено растојание со луѓето: бидете 2 метри на растојание од заболени лица!
 
Зошто? Кога некој кива или кашла, малите капки кои го содржат вирусот може преку струењето на воздухот да доведат до заразување на лицето кое е во непосредна близина со заболеното лице, затоа треба да се одржува одредено растојаниЕ.
 
СОВЕТИ ЗА ПАТНИЦИТЕ
Ако патувате за Кина, Италија и други земји со локална трансмисија
 
Бидете ажурирани со последните информации и грижете се за вашето здравје преку следење на горе-споменатите совети
 
 
Избегнувајте јадење на сурови или недоволно зготвени животински продукти!
 
Зошто? Заради можно заразување со недоволно зготвена загадена храна, важно е внимателно да се ракува со сурови животински продукти (месо, млеко или животински органи) како мерка за претпазливост
 
Побарајте медицинска помош најрано што е можно ако имате треска, кашлица или отежнато дишење, а исто така треба да го известете лекарот кој ќе Ве прегледува за Вашите неодамнешни патувања.
 
Зошто? Ако имате треска, кашлица или отежнато дишење важно е да се побара здравствена нега веднаш, земајќи во предвид дека Вашите симптоми може да бидат знак дека имате COVID-19. По можност, јавете се пред да пристигнете во здравствената установа за здравствениот тим да има можност за преземање на мерки на претпазливост
 
Бидете претпазливи при добивање на одредени симптоми слични со тие на COVID-19.
Ако имате треска, кашлица или отежнато дишење во наредните 14 дена по Вашето враќање, веднаш побарајте здравствена нега и известете го лекарот кој ќе Ве прегледува за Вашите неодамнешни патувања. [ако развиете симптоми, или имате прашања за болеста и мерките што треба да се превземаат јавете се на телефоните обезбедени на флаерот.
 
Зошто? Појава на треска, кашлица и отежнато дишење може да се знак дека сте добиле COVID-19. Раното известување им овозможува на лекарите и другите здравствени работници да Ви пружат најдобра можна нега и совети.
 
 
Ако немате кашлица, треска или отежнато дишење, не мора да носите медицинска маска.
 
Зошто? Не е докажано колкава е способноста на маската да Ве заштити против заболувањето, но ако носите маска додека сте здрави тоа може да влијае негативно при преземањето на мерките за претпазливост т.е. маската може да Ви дава погрешен впечаток на добра заштита и да заборавате дека треба да преземате и други мерки за заштита како што е миењето на рацете. Покрај тоа, можеби нема да има доволно маски за здравствени работници или за болни лица.
 
Ако имате кашлица, треска или отежнато дишење и ако Вие или некој близок роднина во скоро време патувал за Кина, Италија или друга земја каде има локална трансмисија на вирусот, се препорачува да носите маска според следните упатства.
 
Како да ја носите медицинската маска
 
Откако ќе утврдите дека Ви треба маска (видете погоре), важно е правилно да ја носите
 
Ако не носите маска правилно, може да имате уште поголем ризик од инфекција.
 
Запомнете: маската сама по себе нема да обезбеди целосна заштита за Вас или за луѓето околу Вас, така што сепак ќе мора да ги следите сите „едноставни совети“ за хигиена на рацете и респираторната хигиена.
                                                   
 
Ставење на маската
 
-Поставете ја маската внимателно за да ги покриете устата и носот.
-Прицврстете ја маската за да го намалите просторот помеѓу лицето и маската .
-Додека ја носите, не допирајте ја маската – особено не од предната страна.
-Ако случајно ја допрете маската, измијте ги рацете
 
Отстранување на маската
 
-Одврзете ја маската од позади без да го допрете предниот дел.
-Прво одврзете ја долната врвка.
-Ставете ја маската за еднократна употреба во пластична кеса, затворете ја и фрлете ја во корпа за отпадоци веднаш откако ќе ја отстраните.
-Измијте ги рацете по отстранувањето на маската или во случај да допрете веќе искористена маска.
-Кога Вашата маска ќе се навлажни, заменете ја со нова, чиста и сува.
-Маската за еднократна употреба не треба да се користи повеќе пати
 
Упатство за домашно лекување на пациенти со сомнителна инфекција со 2019-nCoV
Домашно згрижување за пациенти со суспектна инфекција со 2019- nCoV кои имаат умерени симптоми
 
Со оглед на тековното ограничено знаење за болеста предизвикана од инфекција со 2019-nCoV и начинот на пренесување на инфекцијата, СЗО препорачува сомнителните случаи да се изолираат и да се следат во болнички услови. Ова ќе овозможи безбедна и квалитетна здравствена заштита (во случај да се влошат симптомите на пациентите) како и јавна здравствена безбедност. Како и да е, од неколку можни причини, вклучително и ситуации кога хоспитализацијата е недостапна или небезбедна (т.е.ограничен капацитет и ресурси кои не можат да ја задоволат побарувачката за здравствени услуги), или во случај на согласно одбивање на хоспитализација, може да се превземаат алтернативни постапки за обезбедување на здравствена нега.
 
Доколку постои таква причина, пациентите со благи симптоми кои немаат некое постоечко хронично заболување, како што се белодробни или срцеви заболувања, бубрежна инсуфициенција или имунокомпромитивни состојби, може да бидат згрижени во домашната средина. Истиот принцип на згрижување важи и за симптоматски пациенти на кои веќе не им е потребна хоспитализација. Оваа одлука бара внимателна клиничка проценка и треба да се спроведе преку проценка на безбедноста на животната средина на пациентот.
 
Здравствениот персонал треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку телефонски повици и доколку е можно, преку лични посети на редовна основа (на пр. дневно), извршувајќи специфични дијагностички тестови (по потреба). Покрај тоа, пациентите и членовите на семејството треба да се едуцираат за мерки за практикување на лична хигиена, спроведување на основните мерки за превенција и контрола на инфекција, за тоа како да се грижат за членот на семејството со сомнителна инфекција што е можно посигурно и да го пречат ширењето на инфекцијата на другите членови од семејството.
 
Тие треба да се придржуваат кон следниве препораки:
 
 
 
Да го стават пациентот во добро проветрена просторија
 
Да го ограничат бројот на лица кои се одговорни за грижа за пациентот (по можност да се додели едно лице кое е во добра здравствена состојба). Без посетители.
 
Членовите на семејството треба да останат во друга просторија или, ако тоа не е можно, да одржат растојание од најмалку 1м од болното лице (на пр. спиење во посебен кревет). (Исклучок може да се смета мајка што дои. Со оглед на бенефитот од доењето и незначителната улога на мајчиното млеко во пренесувањето на респираторни вируси, мајката може да продолжи со доењето. Мајката треба да носи медицинска маска кога е во близина на своето бебе и да практикува хигиена на рацете пред близок контакт со бебето. Исто така ќе треба да ги примени и другите хигиенски мерки опишани во ова упатство).
 
Да го ограничат движењето на пациентот и да се минимизира заедничкиот простор. Да се обезбеди добра проветреност (на пр. чувајте ги прозорците отворени) назаедничките простори (на пр. кујна, купатило).
 
Негувателот треба да носи медицинска маска прицврстена на лицето кога е во иста просторија со заболеното лице. За време на употребата, маските не треба да се допираат. Ако маската се навлажнува или се извалка со секрети, веднаш треба дамсе промени со нова. Да се отстрани маската по употреба и правилно да се измијат рацете.
 
Да се мијат рацете по секој контакт со заболено лице или по контакт со предмети од нивната непосредна околина. Исто така, да се мијат рацете пред и по подготвување на храна, пред јадење, после употреба на тоалетот. Ако рацете не се видливо извалкани, може да се употреби дезинфекциско средство со алкохолна основа за бришење на раце. Да се мијат рацете користејќи сапун и вода кога рацете се видливо извалкани.
 
Кога се користи сапун и вода, пожелно е користење на хартија за еднократна употреба за сушење на рацете. Ако не се достапни, да се користат специјални крпи (пр. пешкири) кои треба да се заменат при навлажнување.
 
Респираторната хигиена треба да ја практикуваат сите, особено болните лица во секое време. Респираторната хигиена се однесува на покривање на устата и носот за време на кашлање или кивање со употреба на медицински маски, маски од ткаенини, проследено со миење на рацете.
 
Да се отстранат материјалите што се користат за да се покријат устата или носот или соодветно да се исистат после употреба (на пр. миење на марамчиња со употреба на сапун или детергент и вода).
 
Да се избегнува директен контакт со телесни течности, особено орални или респираторни секрети и столица. Да се користат ракавици за еднократна употреба при грижа за заболеното лице и при потреба од контакт со столица, урина и отпад.
 
Да се измијат рацете пред и по отстранувањето на ракавиците.
 
Ракавиците, маските и отпадот треба да бидат сместени во посебен сад во просторијата на болното лице пред да бидат отстранети со другиот отпад од домаќинството.
 
Да се избегнува изложеност на контаминирани предмети во непосредна околина на заболеното лице (на пр. избегнувајте споделување на четки за заби, цигари, прибор за јадење, садови, пијалоци, пешкири или постелнина).
 
Приборот и садовите за јадење треба да се чистат со сапун или детергент и вода после употреба и може повторно да се користат наместо да се исфрлаат.
 
Секојдневно да се чистат и дезинфицираат честопати допрените површини, како што се масите, постелнините и другиот мебел во собата на заболеното лице со вообичаено средство за дезинфекција кое содржи средство за белење.
 
Да се чистат и дезинфицираат површините во бањата и тоалетот барем еднаш дневно со редовно средство за дезинфекција кое содржи средство за белење.
 
Да се пере облека, постелнини, пешкири на заболени лица со машина за перење на 60-90°C со детергент и исушете ги темелно.
 
Да се избегнува директен контакт на кожата и облеката со контаминираните материјали и тресење на облеката и постелнините од заболеното лице.
 
Лицата со симптоми треба да останат дома сè додека не се опорават после спроведени клинички прегледи и лабораториски наоди (два негативни тестови на RT-PCR направени со растојание од најмалку 24 часа).
 
Сите членови на семејството треба да се сметаат за контакти и нивното здравје треба да биде под постојан надзор.
 
 
< врати се назад