ноември 2, 2023

Дарувани 101 крвни единици во општина Карпош

Во рамки на Денови на општина Карпош, на 1 ноември 2023 година, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општина Карпош одржа традиционална крводарителска акција. Акцијата се одржа во спортската сала на основното училиште „Лазо Трповски“ и во периодот од 09;00-17;00 часот беа обезбедени 101 крвна единица. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, присуствуваше на овој настан, ја даде својата поддршка кон дарителите и на 11 крводарители жители на општина Карпош со над 50 пати дарувана крв им додели благодарници за нивната солидарност и хуманост.

< врати се назад