јули 27, 2023

Дарувани 138 крвни единици во Клиничката болница Аџибадем Систина

На 25 Јули 2023 година Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Клиничка болница „Аџибадем Систина“ и Институтот за трансфузиона медицина, реализира крводарителска акција. На акцијата која се реализира во периодот од 10:00 до 16:00 часот, крв  даруваа и својата хуманост на дело уште еднаш ја потврдија 138 вработени, меѓу кои и претставниците на менаџментот на болницата.

Првата крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше организирана во 2010 година и оттогаш во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно.

< врати се назад