март 15, 2023

Дарувани 202 крвни единици во „Аџибадем Систина“

     Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за транзфузиона медицина и Клиничката болница „Аџибадем Систина“, на 9 и 13 Март спроведе крводарителска акција.
 
     За време на дводневната акција крв даруваа и својата хуманост ја потврдија 202 вработени, медицински персонал меѓу кои и претставниците на менаџментот на болницата. Со силни пораки вработените ги мотивираа своите колеги масовно да се вклучат и во следните крводарителски акции.
 
     Првата крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше организирана во 2010 година и оттогаш во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно.

< врати се назад