септември 30, 2025

ДИПЛОМА за изработени ЦКА-ПХВ проекти со највисока оцена

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – јуни 2025 година се вклучи во националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности преку која младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваа мали проекти за придонес за добробит во заедницата. На национално ниво, оваа година 1041 младинци од 32 општински организации на Црвен крст ширум целата земја изработија вкупно 170 мали проекти преку кои им помогнале на 5186 лица.

Во знак на благодарност и оддавање на признание на младите херои на 23 септември 2025 година во Домот на културата во Свети Николе беа доделени пехари и дипломи на Општинските организации со проекти оценети со највисока оцена. Оваа година пехари освоија Битола, Неготино и Свети Николе, додека Црвен крст на РСМ-ОО Карпош доби диплома за проекти оценети со сонце. На свечениот настан присуствуваа 15 претставници од ОО Карпош.

Во продолжение се резултатите од 9те проекти во ЦКРСМ-ОО Карпош:

  • одржани 6 ЦКА-ПХВ обуки за новите 66 младинци
  • вклучени 63 младинци/ 95% во изработката на малите проекти
  • остварени 3273 волонтерски часови од страна на волонтерите
  • започнати и целосно завршени 9 мали проекти
  • организирани и спроведени 22 повеќедневни хуманитарни акции и настани
  • со проектите е опфатена целна група од вкупно 717 лица
  • со проектите се анимирани над 3250 лица
< врати се назад