
Дисеминациска работилница за Клубот на млади
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, со цел обезбедување на континуирана едукација на членовите и волонтерите од Клубот на млади, на ден 09 август 2021 година реализираше работилница на тема „Организација и работа на младите на Црвен крст на Република Северна Македонија“. За време на работилницата беа реализирани вежби за опуштање и запознавање помеѓу учесниците, а во вториот дел следеше презентација на Правилникот, Упатството и Водичот за организација и работа на младите на ЦКРСМ.
На работилницата присуствуваа вкупно 10 членови и волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош, а истата ја реализираше стручниот соработник за работа со млади. Работилницата беше реализирана во објектот на ОО Карпош во времетраење од 2 часа и 30 минути со комбинирано учество преку физичко присуство и онлајн приклучување.
За време на активностите беа применувани заштитните мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот – Ковид 19.



































