
јули 31, 2020
Дисеминациска сесија за членовите и волонтерите на Клубот на млади
Со примена на алтернативните платформи за електронска настава преку користење на ZOOM апликацијата, а со цел обезбедување на континуирана едукација на членовите и волонтерите, Клубот на млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 23 Јули 2020 година организираше онлајн дисеминациска сесија.
На предавањето учествуваа 46 членови и волонтери од Клубот на Млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош и ученици вклучени во Училишните Клубови на Црвениот крст во Основните училишта.




































