ноември 15, 2021

Дисеминациска сесија за нови волонтери

Во рамките на активностите за мотивирање и привлекување на млади волонтери, Црвениот крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош на 9 Ноември 2021 година спроведе дисеминациска сесија на тема „Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина–историја, компоненти, амблем и принципи“.

Дисеминациската сесија беше наменски подготвена и реализирана како резултат на зголемениот број волонтери и на истата присуствуваа 6 нови волонтери од Клубот на млади на Општинската организација Карпош.

За време на активностите беа применувани заштитните мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19.

 

< врати се назад