
мај 23, 2023
Дисеминациски работилници
Во рамки на активностите за ширење на знаењето за историјатот на настанокот на Црвениот крст, принципите по кои се води Движњето и сите важни информации за неговите активности, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во текот на месец мај 2023 година спроведе дисеминациски работилници во воспитно-образовните институции.
Тројца обучени волонтери од Клубот на млади во периодот од 04 до 12 мај 2023 година спроведоа 8 дисеминациски работилници со кои беа опфатени 188 слушатели меѓу кои ученици од четири основни училишта, една детска градинка и родители на волонтерите од Клубот на млади.




































