
август 18, 2022
Дисеминациски работилници за деца од предшколска возраст
Во рамките на активностите на полето на дисеминација, во текот на месец jули 2022 година во Црвен крст на РСМ-Општинската организација Карпош од страна на два дисеминатори беа спроведени три дисеминациски сесии-работилници во предучилишни воспитно-образовни институции.
Една дисеминациска сесија за 17 деца од предшколска возраст и 7 воспитувачи се одржа на 14 јули 2022 година во градинката „Филизи“ во Општина Сарај, а на 19 јули 2022 година две сесии се одржаа во градинката „Орце Николов“ во Општина Карпош на која беа присутни уште 30 деца од предшколска возраст.




































