Дисеминациски сесии во воспитно-образовните институции
Во рамките на програмските активности од областа на дисеминацијата, Црвен крст на Република Северна Макeдонија- Општинска организација Карпош во мај 2021 година спроведе 7 онлајн дисеминациски сесии во воспитно-образовните институции со кои беа опфатени вкупно 143 слушатели.
Од страна на обучен дисеминатор, една дисеминациска сесија се спроведе за 15 деца од предшколска возраст во Градинката „Орце Николов“ – Скопје, една сесија во ООУ „Димитар Поп Георгиевски“, две сесии во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ и три сесии ООУ „Лазо Трповски“, со кои беа опфатени вкупно 128 ученици од 4-то до 9-то одделение.