септември 29, 2021

Дисеминациски сесии во воспитно-образовните институции

Во рамките на програмските активности на полето на дисеминацијата, во текот на септември 2021 година двајца едуцирани дисеминатори од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош реализираа 5 дисеминациски сесии.

Со дисеминациските сесии кои се одржаа во сите пет клонови-објекти на Градинката ,,Росица”-Општина Ѓорче Петров беа опфатени 112 деца од предучилишна возраст. 

Едукациите во времетраење од 30 минути  се одржаа на отворено со физичко присуство и примена на мерки за заштита од Ковид-19  и истите беа прилагодени на возраста на децата кои имаа можност преку илустрации и игри да се запознаат со Црвениот крст.

< врати се назад