
март 23, 2022
Дисеминациски сесии во воспитно-образовните институции
Во рамките на програмските активности на полето на дисеминацијата, во текот на Февруари 2022 година едуциран дисеминатор од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош реализираше 5 дисеминациски сесии за 109 ученици од основните и средните училишта.
Три дисеминациските сесии се одржаа во ОУ ,,Петар Поп Арсов” со кои беа опфатени 65 ученици од I-III одделение, а по една сесија за 16 волонтери од Клуб на млaди на Општинската организација Карпош и за 28 ученици од II-ра година од Средното училиште ,,Орце Николов”-Скопје.




































